Петти ден лажниот европски фронт нема разрешница за насилство со квалификација „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, затоа што директно се инволвирани партиските банди.
Петти ден изминува, никој нема одговорен за случајот, истакна на денешната прес коонференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:
За ваков случај, за разлика од лажниот европски фронт, не е доволно само разрешување на директори, туку барање командна одговорност и лисици на раце за насилството во М-НАВ.
Кој нарачал насилство во Контролна кола?
Кој дозволил насилство додека авиони кружат над Скопје?
Кој е одговорен за изборот на обезбедувањето на стратешкиот објект?
Чија е оваа агенција 2СС, под чија наредба работат и дали ќе дозволат вакви насилни партиски банди да влетуваат и во другите институции?
За овие прашања, мора да се испита и одговорноста на ресорните министри од транспорт и врски до МВР, Бочварски и Спасовски.
Законот е јасен и прецизен. Ова не е „кошкање меѓу колеги“ ова е „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ квалификација којашто постои во Законот.
Бараме лажниот европски фронт да ги тргне рацете од правосудството. Случајот мора да има вистинска завршница. Ако не сега, тогаш ќе ја има по изборите.
Точно е дека се ближат избори, но до нив има уште четири месеци, предолг период за да се остават овие луѓе со можност да се повтори ваков упад во стратешки објект.
извор: ВМРО ДПМНЕ