Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес конференција запрашан дали имаат индиции за други високи функционери од извршната власта за дезертерство како што е случајот со премиерот Ковачевски, тој потенцираше дека постојат такви индиции за дезертество.
-Да постојат индиции за други функционери од извршната власта, вклучително и високи министри од владата на СДС и на премиерот Ковачевски. Но, во моментот јас не би шпекулирал со имиња, не би излегувал со конкретни имиња, рече Ковачки.
Ковачки укажа дека најважно е премиерот кој јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност
-Најважно од се во моментов е премиерот кој што јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност, кажа Ковачки.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ