„Убавицава преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. Најадена, стоплена и никому не пречи. Секоја чест за вработените во маркетот и тафталиџани“, стои во виралната објава на Фејсбук.
На Фејсбук наголемо се споделува објавата на Маја Бабиќ, која ги пофали вработените во маркет во Тафталиџе, а кои се грижат за куче скитник, па во студените денови му дозволуваат да седи во маркетот, го хранат, а навечер го оставаат и да спие внатре засолнето од студот.
Секоја чест за вработените во маркетот и тафталиџани“, пишува во објавата на Маја на Фејсбук
Овие фотографии предизвикаа многу позитивни реакции на социјалните мрежи, но и куп пофалби за вработените.
Луѓето коментираат дека нивниот гест е за поздрав, а има и такви што велат дека често пазарат во маркетот и го знаат кучето, па го опишуваат како весело и мирољубиво и додаваат дека сите го сакаат.