Несреќа во Косовска Митровица:13 лица се повредени во експлозија на плинска боца

Во експлозија на плинска боца во куќа во албанското село Кќиќ во Косовска Митровица, повредени се 13 лица, соопшти косовската полиција.

Сите повредени, меѓу кои и деца, се префрлени на лекување во болница во јужниот дел на Косовска Митровица.

Експлозијата се случила околу 16 часот и 30 минути, а според првичните информации била предизвикана од неисправна плинска боца, пренесува Телеграф.

 

фото: Архива