(ВИДЕО) Героски на Канал 5: Проблемот на Ковачевски е што нема потполна контрола врз инфраструктурата во партијата

Проблемот на Ковачевски е што нема потполна контрола врз инфраструктурата во партијата. Човекот на 28 ми замининува од позицијата премиер. Во Македонската политика се знае, кој заминал заминал, тешко се вратил. Јас барем не знам кој се вратил. Тука важи она „ако си мртов, остани си мртов“. Тоа мотивира други личности во СДСМ, истакна во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Бранко Героски.

„Читам многу деновиве, но искрено не заинтересирано, затоа што СДСМ ги губи изборите. Да се разбереме тажно ќе изгубат. Но за македонската демократија и генерално што имаме пошарена слика и поголем баланс после изборите тоа е подобро. Многу е обратно ова од мислењето нас ни треба 61 пратеник, тие да паднат да ги снема. Ништо од тоа нема да се случи. Знаете веројатно нивниот таргет е 30 мандати, тие го очекуваат тоа… но, и да се откаже опозицијата, што и да се направи пак нема да имаат 61, а камоли 80 за уставни промени. Сценариот постои, но тоа е сценарио за вовед во политичка криза по што ние ќе бидеме како Бугарите во последните 4-5 години“, истакна Героски.