Со дополнување на Законот за домување, пратениците од #Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов предложија решавање на едно од најважните општествени прашања за социјалната држава – регулацијата на закупот на простор за домување, т.е. на КИРИИТЕ за становите. Секоја современа држава е должна да обезбеди добар квалитет на живот за своето население и да има добри стандарди за домување, се вели во објавата од Левица.
Во продолжение на истата се додава:
⛔️ Со овие измени ќе се предвиди висината на закупнината на годишно ниво, да не може да биде повисока од ТРИ ОТСТО (3%) од вредноста на становите утврдена согласно со Методологијата за утврдување на вредноста. Во овој момент горна граница не постои, туку со владина уредба се утврдува само најниската закупнина (од 2% од вредноста на становите).
✅️ Со предложените законски решенија ќе се утврдат реални цени за закупнината преку кои за сопствениците на станови ќе се обезбеди правичен стандард и законски механизам за определување на цената за изнајмување, а за закупците сигурност и заштита од плаќање на прекумерни кирии за изнајмување, несоодветни за вистинската (реална) вредност на просторот. Вака ќе се подобри квалитетот, транспарентноста и вредноста на реалниот простор за домување на државно ниво и ќе се заштити правото на граѓаните за домување.
Ова е првиот чекор во насока на целосно решавање на СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ низ систематски пристап, со што ќе се стимулира создавање нови семејства и економски клетки и ќе се успори иселувањето на младите.
🚩 Предизвиците на новото време можат да бидат решени само низ егалитарен и левичарски пристап, кој ќе ја ослободи политиката и општеството од ненаситноста на желбата за профит.
извор: ФБ Димитар Апасиев