Во округот Шемдинли во Хакќари, Туркије, висината на снежната покривка на некои места достигна и пет метри, јавува Анадолу.
Екипите на теренот работеа на расчистување на снегот за да овозможат пристап до селата на тоа подрачје, што на крајот и успеаја.
Мештаните беа среќни бидејќи патиштата беа проодни, за да можат да одат и да ги купат потребните намирници.
Тимовите продолжуваат со работа на проширување на коловозите каде висината на снегот достигнува и до пет метри.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.