Бени Шаќири е нов директор на Младински култирен центар (МКЦ)

0
105

Музичарот Бени Шаќири е нов директор на Младински култирен центар (МКЦ), потврдила за САКАМДАКАЖАМ градоначалничката Данела Арсовска.

Шаќири е назначен за директор на местото на в.д Никола Алексов, по професија диплимиран детектив. Алексов лани, во јануари беше поставен за директор на МКЦ на местото на Ванчо Богоев, кого Арсовска го разреши од функцијата.

Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Шаќири на локалните избори во 2021 беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Откако отпадна во првиот круг и даде поддршка на Арсовска.

извор:САКАМДАКАЖАМ