Бени Шаќири и досегашниот директор на МКЦ два дена седат заедно во директорската канцеларија – Арсовска пред да го назначи новиот не го разрешила стариот

0
168

Новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Бени Шаќири и досегашниот директор на институцијата Никола Алексов веќе втор ден седат заедно во директорската канцеларија.

Како што велат извори од МКЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК, Алексов не си оди од директорската функција оти градоначалничката Данела Арсовска уште не го разрешила. Арсовска го назначи Алексов за в. д. директор на 18 јануари 2023 па после пет месеци, во мај, му даде втор мандат, а после шест месеци, односно во ноември, по трет пат му го продолжи мандатот со што тој сега уште е на функција.

Шаќири има заверено решение дека од 10 јануари е директор на институцијата.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК