Новак Ѓоковиќ со победата над Американецот Тејлор Фриц во четири сета (7:6,4:6,6:2,6:3) по 11-ти пат обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и притоа израмни рекорд на легендарната тенисерка Моника Селеш.
Триумфот над Фриц беше 33-ти по ред за Ѓоковиќ во Мелбурн, со што го израмни рекордот на Селеш.
Ѓоковиќ триумфира на Отвореното првенство на Австралија во 2019,2020, 2021 и 2023 година, додека во 2022 година не настапи бидејќи беше депортиран од земјата.
Победата на Ѓоковиќ над Фриц воедно беше и рекордна 700-та на српскиот тенисер на терен со тврда подлога.
Следен предизвик за Ѓоковиќ во Мелбурн ќе биде полуфиналето, каде што треба да игра со подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Андреј Рубљов.
nezavisen.mk