Во Русија се отворила „вратата на пеколот“ – кога земјата се отворила и се појавила џиновска дупка во близина на голем ски-центар, а за малку ќе проголтала една куќа.
Колапсот на земјата се случил во рудник за железна руда, а една куќа моментално се наоѓа на самиот раб на кратерот и чека дупката да ја проголта.
Жителите на вкупно четири куќи претходно биле преместени од локацијата во Шерегеш, во областа Кемерово во Сибир поради страв од уривање.
Се претпоставува дека нема жртви, а експертите велат дека колапсот бил очекуван.
Инаку, блискиот ски-центар Шерегеш е еден од најпопуларните во Русија.
tocka.mk