Директорите на училиштата да најдат начин да се надоместат изгубените часови поради дојавите за бомби, велат од МОН

Директорите на скопските средни училишта се должни до крајот на првото полугодие да најдат начин да ги надоместат часовите што беа изгубени поради дојавите за поставени бомби во школските објети, категорични се од Министерството за образование и наука, објави Слободен печат.

Од МОН за Слободен печат велат дека дојавите за поставени екплозиви се случуваат само во дел од средните училишта, оние што се во Скопје, а не и во другите градови во Македонија, па затоа тие како Министерство нема да дадат насоки како да се надоместат изгубените часови, туку тоа ќе го стори секое училиште посебно, во зависност од тоа колку часови изгубило.

Од МОН велат дека интензивно работат на подигнување на безбедноста во училиштата.

извор: Слободен печат