Даниела Темелковска го ожени својот син Даниел, свекрвата направи вистинска забава

Беше весело во семејството Темелковски – се ожени Даниел Блажевски, синот на познатата фолк пејачка Даниела Темелковска.

На свадбената церемонија покрај младенците највесела беше и мајката на Даниел која во еден момент се фати за микрофонот и запеа специјално за невестата и младоженецот воодушевувајќи ги сите присутни.

Гордата мајка и свекрва не ја криеше среќата и цела вечер играше и пееше, а за микрофонот се фати и нејзиниот син кој исто така е пејач.

Пејачката кога го зеде микрофонот ги подигна гостите на нозете, а невестата цело време играше и не ја тргаше насмевката од лицето.

На свадбата се забавуваа сите, а фотографијата на која Даниела позира со својата снаа привлече најмногу внимание.

Имено, пејачката на својот профил на Фејсбук објави свадбена фотографија на која е заедно со невестата, облечена во долг жолт фустан со длабок шлиц, а многумина коментираа дека изгледаат како сестри.

 

foto FB