(ВИДЕО) Телохранителите на Чарлс имаат „лажни шаки“

Откако почина кралицата Елизабета Втора, кралското семејство постојано е во центарот на вниманието. На социјалните мрежи и на Интернет кружат бројни снимки од актуелните настани поврзани со нив, а последната што стана вирална е видеото од телохранителот на кралот Чарлс Трети. Неговите дланки предизвикаа дебата на социјалните мрежи.

Видеото е направено од обожавател кој се сомневал дека телохранителите на Чарлс имаат „лажни шаки“. Тој со неговата објава го привлече вниманието на повеќе од 11 милиони луѓе.

Корисникот на „ТикТок“ кој се претставува како Џејсон ја забави снимката на која неколку телохранители внимателно го следат Чарлс за време на неговото појавување во јавноста и со зумирање на нивните рацете на еден од нив ги заинтригира следбениците тврдејќи дека изгледаат „сомнително“.

тикток