Куќичките за птици, кои биле изградени на ѕидовите на џамии, медреси и други згради во времето на Отоманската Империја од 16 век за да служат како топол дом за птиците, и денес ја извршуваат својата целта низ Истанбул, известува Анадолу.
Овие мали куќички за птици, создадени како конкретни дела на естетската идеја, и од архитектонски така и од човечки аспект, се сметаат за симболи на емпатија кон животните во отоманската цивилизација.
Историчарот и писател Мехмет Дилбаз, во интервју за Агенција Анадолу, особено ја истакна важноста на овие куќички за птици, додавајќи дека Османлиите им придавале големо значење на хранењето и згрижувањето на животните.
„На овој начин се создадени згради за заштита на птиците, особено во зимските месеци. Не се знае точно кога е изградена првата куќичка за птици во Истанбул, но и денес е можно да се видат голем број куќички за птици издлабени во камен или мермер“, рече Дилбаз.
Тој објасни дека куќичките за птици главно биле направени од тула или камен, но првите примероци биле дрвени.
„Отоманските палати за птици се вистинско естетско задоволство“, нагласи Дилбаз.
Куќите за птици кои можат да се видат во многу подрачја на Истанбул се познати и како „Павилјон за птици“, „Палата за птици“, „Палата за врапчиња“ и „Куќа за гулаби“.
Куќичките за птици главно можат да се видат на ѕидовите на познатите џамии, турбиња (надгробен споменик и мавзолеј) и библиотеки во Истанбул.
Извор: Анадолу.
фото. Анадолу.