Македонскиот модел Душица Андоновска и хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на РК „Вардар“, Игор Карачиќ го кажаа судбоносното „да“ во црква во Мостар, а на своите инстаграм-профили пред неколку дена споделија убави моменти од нивната венчавка.
Откако пред една година склучија граѓански брак и направија мала журка со најблиските, тие сега се венчаа во црква и имаа голема забава со семејствата, многу пријатели и соработници.
На свадбената веселба им пеела Илма Карахмет, а за првиот танц на младенците ја одбрале песната од Тереза Кесовија, „Мојата последна и прва љубов“.
Парот се запознал додека тој играше за клубот „Вардар“. Ракометарот моментално живее во Полска и игра за клубот „Кјелце“.
24инфо