Студот ќе попушта – Во периодот од 23 јануари, па се до 8 февруари без некои обилни врнежи!

Судејќи според денешните излези на нумеричките модели, врнежите во периодод од 23.1.2024, па се до 8.2.2024 ќе бидат под просекот, што значи очекуваме потпросечно количество на врнежи во нашиот дел од Европскиот Континент. Секако сето ова е моќно и да се измени, но едно е сигурно, далеку е да и кажеме збогум на зимата, допрва следуваат нови студови и снегови (во фервруари, па и во март), стои во најновата објава од метеопрогнозерот Слачво Попоски.