Струшките градинки од први февруари ќе бидат без воспитувачки

Од први февруари воспитувачките и негувателките од струшките градинки, кои со години работат со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување, најавија дека нема да одат на работа доколку не им се реши статусот. Струга ќе се соочи со проблем за згрижување на децата…

Дваесеттина воспитувачки и негувателки од двете струшките градинки го кренаа гласот. Велат со години се ангажирани со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување, за 10.000 денари месечно.

Разочарани и револтирани бараат итно да им се реши статусот, да добијат редовно вработување, или минимална плата со здравствено осигурување, во спротивно од следниот месец во знак на протест нема да одат на работа, а градот ќе се соочи со проблем за згрижување на децата.

 

Voxstruga.mk