Голема полициска акција во Грчец,се прават претреси и во Дуќанџик, Чаир, и на неколку други локации. Неофицијално има неколку уапсени лица, а акцијата е сè уште во тек.
Оваа група според неофицијалните информации се поврзуваше со повеќе кривични дела меѓу кои трговија со дрога, киднапирања и убиства. Акцијата е во тек, детали се очекува да соопшти полицијата во текот на денот.