Британскиот крал Чарлс примен во болница

0
148

Британскиот крал Чарлс III е примен во болница на лекување на простата, соопшти денес Бакингемската палата, пренесува Анадолу.

„Кралот утрово е примен во болница во Лондон на закажан третман“, се вели во соопштението на палатата.

Минатата недела палатата соопшти дека 75-годишниот Чарлс ќе мине низ „корективна процедура“ за зголемена простата.

„Неговото височество сака да им се заблагодари на сите оние кои ги испратија своите добри желби во текот на изминатата недела и со задоволство дозна дека неговата дијагноза има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје“, се додава во соопштението.

Чарлс е виден како влегува во Лондонската клиничка болница утрово заедно со кралицата Камила.

Тој на тронот дојде во септември 2022 година, по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Во Лондонската клиничка болница престојува и неговата снаа, принцезата од Велс, која имаше операција на абдоменот.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.