Ахмети: Утре е историски ден, го избираме првиот премиер Албанец

0
164

За лидерот на интегративците Али Ахмети, утре е историски ден, оти се избира првиот премиер – Албанец. Тој денеска во живо се вклучи на Фејсбук.

„Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците и за сите други, бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден по друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за европска Македонија“, кажа Ахмети.

Во текот на денот Талат Џафери кој го доби мандатот за состав на техничка Влада, треба да го достави предлогот за состав на Влада до Собранието. Утре до полноќ треба да се гласа нова Влада на чело со Талат Џафери.