(ВИДЕО) Гневни земјоделци во Франција запалија магацини, мобилизирани се 15.000 жандарми, а на улиците изнесени оклопни возила

0
74

Околу 10.000 земјоделци, со 5.000 машини, денеска се мобилизираа на улиците на Париз поради протестите на фармерите, додека локалните медиуми јавуваат дека конвојот фармери, кој се движи кон Рунгис, не се плаши од оклопни полициски возила.

Конвојот од Аген се упати кон Рунгис, со околу 200 возила на патиштата и покрај информациите дека може да наидат на оклопни возила, земјоделците велат дека не се плашат.

„Жандармите нè поддржуваат цело време, тие се со нас. Конвојот се движи за да се слушне нашиот глас. Ние не сме тука да го нервираме населението, туку одиме рака под рака со нив“, рече Жан-Пјер Лабо. одгледувач на жито.

Според тамошните медиуми, на територијата на протестот биле мобилизирани речиси „15.000 полицајци и жандарми“, со цел да се спречи ширењето на учесниците во соседните градови, но и „да се спречи понатамошна тензија“.

Министерот за внатрешни работи ги повтори упатствата за „голема умереност“ дадени на полицијата, каде потсети и на „разбирањето“ на Владата за движењето на земјоделците.

Како што може да се види на видеата, опожарен е дел од магацинот на продажен синџир во близина на Ним во јужна Франција. Не се знае дали учесниците на протестот се одговорни за пожарите.

telegraf.rs