ВМРО-ДПМНЕ: Прв работен ден, прв проект на Талат, паркирање на службениот мерцедес на плоштад за да пие кафе

0
143

Прв работен ден на Талат Џафери како технички премиер и веднаш го реализираше својот прв проект, паркирање на службениот мерцедес на плоштадот за да пие кафе во ресторан. Среќа не е искомплексиран Џафери, до толку, инаку со владиниот авион ќе одеше на работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Автократот од Форино, според оваа партија, треба да знае дека функцијата која ја врши е одговорна и бара сериозност, а не чаламење и инфантилно однесување.

„Илјадници граѓани секој ден зависат од политиките на владата, од мерките и проектите. Разбираме дека ниту Ковачевски, ниту некој од СДС ќе се осуди да го искритикува Талат Џафери, затоа што сега молат за заеднички листи, ама сепак во име на интересите на граѓаните нека го посоветуваат да се приземји и да си го одработи достоинствено мандатот до изборите. Филмот со пури, пијалаци, службени автомобили, обезбедување, затворање на пешачки зони и слично, говори за карактерот на Џафери, кој можеби го попримил од ликовите од подземјето со кои се дружел“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

vmro-dpmne