Илон Маск: Неуралинк вгради мозочен чип кај првиот човек

0
107

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск објави дека неговата стартап компанија Неуралинк првпат вградила мозочен чип кај човек, пренесува Анадолу.

„Првиот човек вчера доби имплант од @Neuralink и добро закрепнува. Првичните резултати покажуваат ветувачко откривање на шилести неврони“, рече Маск на социјалната платформа X, без да го идентификува пациентот.

Маск истакна дека првиот производ на Неуралинк се вика „Телепати“.

„Овозможува контрола на вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси на секој уред, само со размислување. Први корисници ќе бидат оние што ја изгубиле можноста за употреба на своите екстремитети“, додаде тој.

Минатата година Неуралинк објави дека добила одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за својата прва клиничка студија за мозочни импланти.

Во 2016 година Маск ја коосноваше Неуралинк за да го интегрира човечкиот мозок со вештачката интелигенција (ВИ) преку создавање уреди вградени во мозокот за да го олесни неговото спојување со машините.

Неуралинк развива уреди што имаат потенцијал да им помогнат на луѓето со парализа, вели компанијата на својата веб-страница.

Извор: Анадолу.

фото: Анадолу.