Талат Џафери денеска ја отвори конститутивната седница на новоформираната преодна влада, честитајќи им го изборот на сите министри. Тој на почетокот на седницата им порача на министрите да не ставаат слушалки за превод, бидејќи воведното обраќање ќе го прочита на двата јазика. Џафери се обрати прво на албански, а потоа и на македонски јазик.
Отворањето на седницата на почетокот ќе го водам на двата јазика, нема потреба од слушалки, зашто ќе го кажам истото. Ви посакувам добредојде во владата на Македонија на првата конститутивна седница на преодната влада на Македонија. Пред да преминеме на усвојување на дневниот ред, на сите членови на владата, во мое лично име би сакал да ви честитам на изборот и да ви посакам успешна работа и соработка. Пред нас е една клучна задача – подготовка на фер и слободни избори во демократска атмосфера. Во тоа имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со ДИК, и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, со ЕУ и САД за да обезбедиме највисоки европски стандарди во изборната кампања и самите избори за граѓаните слободно да ја изразат својата волја, им се обрати Џафери на министрите.
Infomax.mk