На Балканот му претстои влажен февруари. Што значи нема да недостасува ниту дождот, а ниту снегот. Врнежите ќе бидат над просекот, а особено повеќе врнежи ќе има по 10 февруари, а до тогаш времето ќе биде потопло и посуво.
Не се исклучува можноста делови од Балканот да се соочат и со снежно невреме, како и со значителни врнежи од снег..
Врнежите од дожд и снег на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија треба да бидат честа појава по 10 февруари.
Можно е дури повторно да се соочиме со екстремно ниски температури, овој пат тие би се задржале подолго (можно е температурите да паднат и под -20 степени на некои места).
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста долгорочна анализа на времето, промени во истата и тоа како се можни, па затоа нашите граѓани редовно да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, и истите се најпрецизни со можност за остварување за повеќе од 90%, пишува Славчо Попоски.