Онаа која му беше вечна и морална поддршка на царот.
Жената кој преку сите епизоди на Македонските народни приказни не’ учеше на чесност, добрина и мудрост, а во исто време играше и царица, и чорбаџика и домаќинка и лоша маќеа.
Како една од најдобрите актерки, но и како докажан драматург и сценарист нејзиниот раскошен талент доминираше од раните ’70ти и во наредните 40 години создаде име кое народот на Македонија засекогаш ќе го изговара со милост и почит, Шенка Колозова.
Денес 1ви (први) Февруари, наполни 77 години живот!
Посакуваме да си доживее длабока старост, пропратена со добро здравје и убави моменти.
Среќен роденден, царице!
foto FB