Анкета на МРТ 1: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во ИЕ 1 и ИЕ 5

0
81

Според анкетата направена за МРТ 1 и презентирана во емисијата „Објектив“ за претстојните парламентарни избори во Македонија во ИЕ 1, 20.6% се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10,4% за СДСМ, за политичката партија ДУИ 6.7%, ЕСП 4,3%, АА 1,4%, Левица 4,5%, Знам 2.9%, друга 1,8%, додека пак 16,8% се изјасниле дека нема да поддржат ниедна партијане сакаат да кажат 15,1%, Не знам / Немам одговор 15.4%.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на парламентарните избори во ИЕ 1 анкетираните одговориле дека ниедна 9.0%, не сака да каже 7.7%, не знам / немам одговор 26.2%, СДСМ 8.3%, ВМРО-ДПМНЕ 28.1%, ДУИ 5.9%, ЕСП 4.5%, АА 1.6%, Левица 4%, Знам 3.5% и друга 1.2%

Додека пак за претстојните претседателски избори во Македонија во ИЕ 1 својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9.7%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 19.4%, за кандидатот на ДУИ 6,6%, за кандидатот на ЕСП 4,4%, за кандидатот на АА 0.7%, за кандидатот на Левица 4,3%, за кандидатот на движењето Знам 3,6%, друг 0.2%, ќе се определат откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 8.0%, ниеден 16%, не сака да каже 12.8% не знае или немале одговор 14.3%.

На прашањето, дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане иста, 59,4 отсто од испитаниците одговориле дека власта треба да се промени, 14,8 отсто сметаат дека таа треба да остане и 25,8 отсто се изјасниле дека не знаат или немале одговор.

Високи 58,5 осто од испитаниците од првата изборна единица се изјасниле дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, а само 8,6 отсто сметаат дека државата се движи во целосно правилна насока. Како најголемиот проблем со кој се соочува Македонија, гласачите од првата изборна единица го посочиле криминалот и корупцијата, потоа следат економијата и животниот стандард, високите цени и квалитетот на образованието и на здравството.

На претстојните парламентарни избори во ИЕ 5 според анкетата за ниедна партија би гласале 18.6%, не сака да каже 16,7%, не знам / немам одговор 14.2%, СДСМ 13,6%, ВМРО-ДПМНЕ 19.8%, ДУИ 6.1%, ЕСП 2.1%, АА 2.8%, Левица 2.9%, Знам 2.0%, друга 1,2%.

Во однос на тоа која партија ќе победи анкетираните во ИЕ 5 за ниедна рекле 5,9%, не сакале да кажат 5.1%, не знам / немам одговор 29.9%, СДСМ 14.2%, ВМРО-ДПМНЕ 28.4%, ДУИ 6.1%, ЕСП 1.9%, АА 2.5%, Левица 2.7%, Знам 2.0%, друга 1.3%.

Во ИЕ 5 за претседателски кандидат од СДСМ би гласале 14.3%, ВМРО-ДПМНЕ 20.1%, ДУИ 6.9%, ЕСП 2.1%, АА 2.7%, Левица 3.4%, Знам 2,4%, ќе се определам откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 9.7%, за друг 0.5%, за ниеден 14.2%, не сакаат да кажат 8.6, не знаеле или немале одговор 15.1 процент од испитаниците.

На прашањето, дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане иста, 58,8 отсто од испитаниците одговориле дека власта треба да се промени, 22,1 отсто сметаат дека таа треба да остане и 19,1 отсто се изјасниле дека не знаат или немале одговор.

Анкетата на ИПИС која беше презентирана во вечерашната емисија „Објектив“ на МРТ 1, е спроведена телефонски, во првата изборна единица на 1 017 испитаници, а во петтата на 1 000 испитаници, во периодот на втората половина на јануари.