Агелер за ТВ 24: Има разочарани граѓани, но апстиненција од избори, не е решение!

Важно е граѓаните да излезат на избори бидејќи апстиненцијата нема да донесе никакви промени, вели во интервју за ТВ 24, амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Но, во исто време, како што вели Агелер, граѓаните мора од политичарите да бараат тие детално да ги образложат своите планови за да може да го одберат вистинскиот кандидат.