Враќањето на вселенскиот тим на Аксиом-3 назад до Земјата закажано за утре

0
105

Вселенскиот тим на Спејс икс, Аксиом-3 (Ах-3), во кој е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, се очекува да ја напушти Меѓународната вселенска станица утре, во 6 часот по средноевропско време (11:00 GMT), пренесува Анадолу.

Прошталната церемонија за тимот на Ax-3 ќе се одржи денес во 9:50 часот по средноевропско време, според информациите што новинарот на Анадолу го доби од Министерството за индустрија и технологија на Туркије.

Церемонијата ќе се пренесува во живо на социјалните мрежи на Аксиом Спејс.

Патувањето назад до Земјата ќе трае 12 часа.

Планираното слетување се очекува да се случи на една од седумте потенцијални локации во Атлантскиот Океан, источно од американската сојузна држава Флорида и Мексиканскиот Залив на запад.

Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од вселенскиот центар Кенеди на НАСА, во Флорида, со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија Спејс икс и се приклучи на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.

Екипажот беше одговорен за спроведување на над 30 научни експерименти.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.