Одложено враќањето на мисијата Аксиом-3, во која е и турскиот астронаут Гезеравџи

0
112

Враќањето на екипажот на мисијата Аксиом-3 од Меѓународната вселенска станица е одложено најмалку до понеделник поради „неповолните услови“, објави утрово „Спејс икс“, пренесува Анадолу.

„Сега планираме не порано од понеделник, 5 февруари, Драгон со екипажот на Ax-3 да тргне [од Меѓународната вселенска станица]“, објави приватната вселенска компанија на платформата X за враќањето на екипажот, во кој е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, со нејзината капсула.

„Тимовите ќе продолжат да ги следат временските услови пред следната можност за тргнување [од Меѓународната вселенска станица]“, се додава.

Капсулата Драгон, која ќе ја враќа мисијата Аксиом-3 на Земјата, се очекуваше да тргне од Меѓународната вселенска станица во 6 часот наутро по Источно време (11:00 GMT).

Четиричлената мисија беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида на 19 јануари со ракетата Фалкон 9 на Спејс икс.

Екипажот на вселенската мисија Ax-3 пристигна на Меѓународната вселенска станица на 20 јануари.

Гезеравџи и неговите тројца колеги од екипажот од Шпанија, Италија и Шведска беше одговорен за извршување на над 30 научни експерименти.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.