Левица најави дека на следните претседателски избори ќе оди со свој кандидат.
Одлуката ја објавија преку видео запис на својата Фејсбук страница, но се уште не го кажуваат името на кандидатот.
„Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, се вели во записот.