Денес остварив средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје. На средбата разговаравме за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот, независно од тоа што во моментот владее техничка влада задолжена за спроведување на избори.
Исто така, од моја страна беше потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори и во таа насока се согласивме дека МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите кои не очекуваат и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани согласно законот, НАПИША БА СВОЈОТ фб профил министерот за внатрешни работи панче Тошковски.
извор: ФБ Панче Тошковски