Турскиот град Адијаман една година по разорниот земјотрес

Измина една година од разорните земјотреси што ги потресоа јужните региони на Република Туркије и кои во таа земја се познати како „катастрофа на столетието“, известува Анадолу.

Според проценетата штета во 11 града во Туркије погодени од земјотресот, тешко се оштетени и станале неупотребливи вкупно 850.000 единици, од кои 680.000 домови и 170.000 стопански објекти.

Штетата предизвикана од земјотресот е проценета на 104 милијарди долари.

Два разорни земјотреса, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, а вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите беа регистрирани во турската област Кахраманмараш. Во овие катастрофални земјотреси животот го загубија 53.000 луѓе.

Продолжуваат реконструкциите во градовите погодени од земјотресите.

Градот Адијаман на годишнината од катастрофалните земјотреси што се случија на 6 февруари 2023 година е снимен со дрон.

На овие подрачја урнати се илјадници згради.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.