Жители на Желино спречиле вработени во „Национални шуми“ да работат во селото под изговор дека немале дозвола од месната заедница

0
167

Педесет и шестгодишниот Т.И. од тетовско Сараќино, вработен во ЈП „Национални шуми“ вчера (5 февруари) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на први февруари околу 11 часот, тој и уште неколку други лица во атарот на Желино биле спречувани во извршување на работни обврски од неколку лица од тетовско Желино кои им се заканиле поради тоа што наводно немале дозвола од месната заедница на ова село.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.