Битолчанец фатен со 4.03 промили алкохол во крвта

Кај возач од Битола денеска било констатирано присуство на 4.03 промили алкохол во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР.

Како што соопштија од МВР, на територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 биле упатени на технички преглед.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.