Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце синоќа пронашле починато повозрасно лице, при гаснењето на пожар на отворено во атарот на с. Псача.
„На местото на настанот увид извршила екипа на СВР и медицинската екипа. Настрадно повозрасно лице го изгубило животот најверојатно заради гушење од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата“, соопштуваат од Регионалниот центар на ЦУК Куманово.
Во пожарот била зафатена сува трева со површина од 0,4 хектари, а интервенцијата на пожарникарите траела од 20.30 до 00.10 часот.