Двајца млади Турци илегално влегле во земјава, уапсени се на Табановце

0
169

Две странски лица вчера биле уапсени на Табановце.

– На 07.02.2024 во 16.00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот ги привеле А.Ф.(24) и У.Х.(21), двајцата од Република Турција. По извршени проверки и службен разговор со нив било констатирано дека илегално влегле во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти полицијата во дневниот билтен.