Во сообраќајна незгода попладнето на експресниот пат Штип – Радовиш учествувало службеното возило на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Министерката поминала без повреди, но возачот на службеното возило, сопственост на Владата, се здобил со телесна повреда.
Од СВР Штип соопштија дека сообраќајката е пријавена во 17.28 часот.
-На патот Штип – Радовиш во близина на с.Лакавица, штипско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска (54) и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко моторно возило “пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село со четири сопатници во возилото. Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип, стои во информацијата од полицијата.
До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.
mms.mk