Дипломиран професор по музичка теорија „извиси“ на работното место, на конкурсот бил примен друг кандидат со несоодветно образование

Професор по музичко заменет со друг со несоодветно образование, трпи наставата и учениците…Зошто институциите и раководството на училиштето не постапуваат според Закон во случајот на жалбите на професорот по музичко во основното училиште во Дебрца, кој е заменет со друг кадар со несоодветно образование?

Дипломиран професор по музичка теорија и педагогија до неодамна вработен во „ООУ Дебрца“, раскажува за голготата која ја поминува по конкурсот .

Оштетениот правдата најпрво ја побарал преку државниот просветен инспекторат од каде што на 29.12.2023 година добива одговор дека е утврдена неправилност во однос на објавениот оглас за кој надлежен орган е Државниот инспектор за труд Имено, тој тврди дека работата си ја извршувал одговорно, но секап по објавениот конкурс од училиштето не добил решение за работа во истото. Соговорникот за NEWS 1 кажува дека по објавениот конкурс ги доставил сите потребни документи, но, добил известување дека на тоа работно место е примен друг кандидат со несоодветно образование, односно примен е инструменталист кој нема положено испит за професор. Нашиот соговорник додава дека новопримената професорка сега не работи, а во училиштето не се одвива настава по предметот Музичко Образование, а поради тоа трпат учениците и истите неможат да бидат отценети. За овој случај засегнатиот ги информирал инспекциските органи. Дознаваме дека трудовиот инспекторат по овој допис излегол на терен на 22.12 минатата година. По увидот составен е записник, но сеуште нема разврска на случајот. NEWS 1 се обрати и до надлежниот трудов инспекторат во Битола. Од таму потврдуваат дека излегле веднаш на терен, но побараа прашањата официјално за овој случај да ги испратиме на Mail, по што ветија дека ќе обелоденат што е одлучено. NEWS 1 испрати официјален mail до инспекторатот. По добивањето на одговорот истиот ќе го пренесеме во целост.

Почитувани, по телефонски разговор со вашиот раководител, ви испраќам прашање на Mail за конкретен случај во „ООУ Дебрца“. Засегнатиот се обрати до нашата редакција и не информираше за случајот. Напомена дека инспекторатот излегол на терен во месец декември, но дека сеуште нема разврска на случајот и дека во училиштето не се одржува настава. -Ќе ве молиме да ни одговорите кога излеговте на терен и што е утврдено при истиот? -Дали од страна на училиштето е направен пропуст, поточно дали е примен професор кој не ги задоволува критериумите на конкурсот?

Со Директорката на основното училиште во Дебрца не успеавме да оставриме контакт. Според извори од училиштето, фактичката состојба не соодсветстувала со тоа што го нашишал оштетениот во дописот, и во пракса лицето со несоодветно образование одело на работа и одржувало настава, што пак значи дека се прави и поголем прекршок кој може да резултира со кривична одговорност од раководството на училиштето.

Оштетениот тврди дека случајот ќе го води до крај, дека нема да се откаже и ќе понесе соодветни кривични пријави за сите одговорни кои се инволвирани во случајот.