Имало план за атентат на Албин Курти во Скопје?!

0
146

Имало обид за да се направи атентат на премиерот на Република Косово, Албин Курти во Скопје, каде што престојуваше последениве денови, јавува РТК од свои извори од безбедносните институции на Косово кои соопштиле дека веднаш по состанокот на Советот за безбедност на ОН доставиле податоци.

Премиерот Курти синоќа допатува во Скопје, а претходно се преземени сите безбедносни мерки, во координација со безбедносните институции на Северна Македонија.

За РТК е соопштено дека оценките за заканата по животот на Курти се сериозни, особено ако се има предвид дека тие доаѓаат од повеќе извори на информации.

„Тоа беше српска оперативна комбинација, каде медиумските измами беа испреплетени со акции на терен од можни атентатори на српско-македонската крајност, блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“, изјави изворот за РТК.

РТК дознава дека премиерот Курти веќе влегол во Косово, а соработката на безбедносните институции меѓу Косово и Северна Македонија професионално го обезбедила целиот периметар на Курти.