Веќе два дена низ социјалните мрежи се споделува вознемирувачко видео кое сведочи за брутално претепување на 15-годишно девојче од две врснички во Скопје, објави Фокус.
Најпрвин има вербална расправија меѓу девојчињата со пцовки и погрдни зборови, а по неколку моменти караницата преминува во физички напад со жестоки удари и влечење за коса. Додека трае тепачката дел од соучениците навиваат и снимаат со мобилни телефони.
Од Обвинителството велат дека случајот е пријавен и се постапува.
-Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје е известен за настанот. Дадени се насоки за постапување, велат од Обвинителството.