„Налепници нема“ – порака која утрово илјадници граѓани ги дочека во Скопје низ станиците за технички преглед

0
103

Налепници нема“. Ова е пораката која утрово илјадници граѓани ги дочека во Скопје низ станиците за технички преглед.

На друштвените мрежи се објавуваат фотографии од различни региони и технички станици. Но на ниту една нема ознаки „НМК“, објави 4news.mk.

Инаку од полноќ задолжително на вашето возило мора да имате ознака НМК и да го управувате со важечка возачка дозвола, односно со ознака „Република Северна Македонија“ на вашата возачка дозвола.

Во спротивно не смеете да го управувате возилото, или ќе бидете санкционирани од страна на полицијата.

Извор: 4news.mk

Фото: Г.Ф