Фокус: Катица Јанева секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа па се враќа зад решетки – еве каде работи ….

0
149

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.

Поранешната обвинителка работи во адвокатската канцеларија на својот син, Лазар Јанев. Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.

 

 

извор: ,,Фокус”