Каевски: СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

0
118

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата.

Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот.

Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму.

За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог.