Сиљановска и Вучиќ договорија заедничка посета на манастирот Св.Прохор Пчински на Илинден

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ договорија дека двајцата на Илинден зеднички ќе го посетат манастирот Св. Прохор Пчински. Во телефонски разговор претседателите договориле дека заедно ќе ја одбележат 80 годишнината од одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, во разговорот уште биле потврдени одличните билатерални односи и истакната подготвеност за натамошно унапредување на македонско – српското пријателство, за конкретизирање на соработката во повеќе области и јакнење на меѓусебната поддршка во однос на европските перспективи и процесите на евроинтеграција на двете земји.

„Во пресрет на државниот празник 2 Август – Илинден, а во духот на добрососедските односи и заложбите за продлабочување на пријателските врски меѓу двата народи, претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Вучиќ, изразија подготвеност заеднички да го посетат манастирот Св. Прохор Пчински и да ја одбележат 80. годишнината од одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштението.

 

slobodnaevropa.mk