Петрушевски до Апасиев: Каков професор по право си, а да бараш технички министер за внатрешни работи да укине правилник, кога сите акти се носат со два потписи?

Каков мозок треба да имаш, да си предлагач на закон, да гласаш ЗА тој закон, а само заради Facebook публиката да говориш против тој закон?

Каков мозок треба да имаш, да си професор по право, а манипулирајќи ги своите гласачи, да бараш технички министер за внатрешни работи да укине правилник, кога сите акти во техничката влада се носат со два потписи, на техничкиот и на дополнителниот министер?

Каков мозок треба да имаш, како истакнат шарен револуционер и соработник на Катица Јанева во СЈО, да помислиш дека народот е глуп, па ќе ти поверува на твоите патриотски изблици и беседи?

Или треба да немаш мозок, или треба да си платеник на власта. Трето нема, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во врска со однесувањето на Димитар Апасиев околу Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој денеска помина во Собранието.