Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда.
Лога ѝ посакал успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда.
Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.
-Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот, соопштија од ресорот правда.