Снежна лавина на Шара поклопила жена од косовската страна на планината

0
86

Странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица на косовската страна на Шар Планина во вторникот, јави дописникиот на МИА од Приштина. Во соопштение на косовската полиција се вели дека 54-годишна жена загинала како последица на снежна лавина на местото наречено Орловско гнездо.

Жената скијала на местото наречено Орлово гнездо каде дошло до појава на снежна лавина. Косовската полиција и спасувачките екипи се на терен и го бараат телото на жената.

миа.мк