АЛСАТ:Таравари – претседателски кандидат на албанската опозиција

Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците ќе биде кандидат за претседател на албанската опозиција, дознава Алсат. Одлуката била донесена вечерва на заедничка средба на лидерите на Европскиот сојуз за промени, а се очекува наскоро да биде и официјално соопштена.

Претходно денеска, лидерот на Алтернатива Гаши на Фејсбук напиша дека албанската опозиција многу скоро ќе го објави својот кандидат за претседател за кого рече дека ќе биде почитувано име кое ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.

„Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека ‘Европскиот сојуз за промени’ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на С Македонија, кој нема да биде ‘другиот’, туку ќе биде ‘нашиот’“,напиша Гаши.

За можен претседателски кандидат, Таравари се споменуваше уште по средбата на опозицијата со косовскиот премир Курти. Иако тој велеше дека не е заинтерсиран да биде претседатеслки кандидат, Меџити и Касами неколкупати изјавија дека ова прашање не е затворено.

 

извор: Алсат